Бројката на загинати од страотниот налет на ураганот Доријан врз Бахамите нарасна на 30, соопштија офијални претставници на властите, пренесоа светските агенции.
Министерот за здравство Дуане Сандс на Бахамите за американските медиуми изјави дека очекуваат во следните неколку дена оваа бројка „значително да се зголеми“, бидејќи продолжуваат потрагите и акциите за спасување на настраданите
Сандс изјави дека жртвите се од островите Гранд Бахами и Абака.
Ураганот Доријан во неделата го погоди островот Абака како бура од петта категорија, а потоа и Гранд Бхами како бура од четврта категорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.