Претседателот на италијанскиот Институт за статистика „Истат“, Карло Блањардо проценува дека оваа година во земјата ќе има околу 700.000 починати, што е за речиси 100.000 повеќе од лани.
Тоа е како бројот на жртви во војната. Во Италија последен пат беше забележан таков број на смртни случаи во 1944 година – изјави Блањардо.
Весникот „Ил Фато Котидијано“ коментира дека неговите зборови ја потврдиле споредбата што новинарите и научниците често ја користат кога пишуваат за корона вирусот, како што е на пример „војна против пандемијата“ и слично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.