Градските власти во Вухан известија дека во градот од коронавирус починале 1.290 луѓе повеќе отколку што е објавено во статистиките.

Според овие нови податоци, во Вухан од коронавирус починале вкупно 3.869 луѓе, а со новите проценки е зголемен и вкупниот број заразени лица кој изнесува 50.333. Вирусот за прв пат се појави во тој град на на пазарот за храна во средината на ноември.

Кинезите тврдат дека го пропуштиле точниот број на мртви бидејќи на почетокот на епидемијата многу луѓе починале дома и без соодветна медицинска помош, но причината за смртта не била позната во тоа време.

На врвот на епидемијата, здравствените работници биле претрупани со работа, па новите податоци не ги објавувале на време. Сертификатите за смртта не биле точно пополнувани, а проблем има и што дел од болниците се во приватна сопственост, па внесувањето на податоците доцнело.

Кина е критикувана од западните лидери дека не реагирале добро за да го спречи глобалното ширење на вирусот и дека криела информации за самата болест. Американските разузнавачи објавија дека ќе истражат дали вирусот потекнува од лабораторија на институтот во Вухан, и случајно излегол од него.

Со објавувањето на новите податоци, сакаме да покажеме дека сме одговорни и дека во Кина сè во врска со вирусот е правено транспарентно и колку што е можно точно, се вели во официјалното соопштение на кинеската влада



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.