Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во СAД достигна 800.000, додека земјата се подготвува за потенцијален нов бран поради повеќе собири во затворени простории во текот на зимските месеци и новиот сој Омикрон.
Бројот на жртви од корона вирусот во САД сега го надминува целото население на Cеверна Дакота. Оваа година се изгубени повеќе животи отколку во 2020 година поради брзото ширење на Делта сојот.
Од почетокот на оваа година, повеќе од 450.000 луѓе во САД починале по инфекција со Ковид-19, што е 57 отсто од вкупниот број смртни случаи од корона вирус од почетокот на пандемијата.
Годинава најголем дел од починатите биле невакцинирани, велат здравствените експерти.
Бројот на жртви е зголемен и покрај напредокот во лекувањето на пациентите со Ковид-19 и новите третмани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.