Директорот на рускиот Институт за проблеми околу екологијата и еволуцијата „А.Н. Северцов” при Руската академија на науките, Вјачеслав Рожнов изјави дека бројот на белите мечки во Арктикот е стабилен, па можеби и дека е во пораст.
Тоа сепак се стручни проценки. Гледаме дека мечките се среќаваат сè почесто, па претпоставуваме дека нивниот број се зголемува. За податоците да бидат точни, сепак треба тие да бидат потврдени со инструменти – објасни Рожнов.
За таа цел, според него, можно е да се користат и снимки од Вселената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.