Војската на Малта вчера спасила група од 95 мигранти, откако нивниот брод имал дефект и постоела можност да се преврти.
Портпаролот на малтешката армија потврди, без да даде други детали, дека групата мигранти ќе биде транспортирана на брегот.
Весникот „Тајмс оф Малта“, повикувајќи се на владини извори, наведува дека мигрантите биле спасени „многу далеку“ од малтешкиот брег, но во рамките на зоната за пребарување и спасување.
Бродот испуштил гориво и постоела можност да се преврти, соопшти во неделата „Аларм телефон“, телефонска служба за мигранти во итни случаи. Луѓето на бродот викале „умираме“.
„Аларм Телефон“ наведува дека веднаш ги известил малтешките и италијанските власти за проблематичниот брод, но од нив не добиле повратен одговор. Оттаму наведуваат дека Малта цели 30 часа не им пружила помош на мигрантите и дека имало „систематски одложувања“ во операциите за спасување.
Втората група од 45 мигранти беше спасена од италијанските власти и однесена во Лампдедуза, во неделата вечерта, наведе „Аларм телефон“.
Лампедуза, најјужната точка на Италија, последниве денови е преплавена со мигранти и градоначалникот кажа дека може да се прогласи вонредна состојба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.