Британската авиокомпанија „Бритиш Ервејз“ времено ќе ги прекине сите летови од аеродромот Гетвик, вториот најфреквентен аеродром во Велика Британија, поради епидемијата на коронавирусот.

На одлуката влијаеле деловните ограничувања и предизвикувачкиот пазар за време на пандемијата на Ковид-19.

„Бритиш Ервејз“ претходно овој месец соопшти дека компанијата се бори за опстанок и ќе мора да отпушти одреден број работници.

Авиокомпанијата ќе продолжи да реализира летови од аеродромот Хитроу во Лондон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.