Британскиот премиер Борис Џонсон може да се вакцинира во живо на телевизија за да покаже дека вакцината против ковид-19 е безбедна, но нема да добие доза пред оние на кои им е најпотребна, рече во средата неговиот портпарол.
Британија стана првата држава на светот која ја одобри вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ и „БајоНТек“, која е за широка употреба. Агенцијата за контрола на лекови и здравствени производи (MHRA) во Велика Британија, објави дека вакцината, која нуди до 95 отсто заштита од Ковид-19, е безбедна за употреба.
56-годишниот Џонсон, кој помина извесно време на интензивна нега, кога му беше потврдено дека има инфекција со коронавирус, на почетокот на оваа година, го поздрави британското одобрувањето на вакцината како глобална победа и трошка надеж во пандемијата што и наштети на економијата и го отежнуваше секојдневието.
Но, како и другите водачи, Џонсон не треба да ја прима вакцината пред најранливите групи на луѓе. Сепак, тој сака да покаже дека вакцината е безбедна и да се обиде да ги убеди другите да се вакцинираат веднаш штом ќе стане достапна за пишироката популација, објави во средата Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.