Британскиот политичар Најџел Фараж, познат по евроскептичните ставови, денеска на улица беше погоден со милкшејк додека беше на пат кон Њукасл.
При инцидентот, член на обезбедувањето го повлече настрана Фараж, а полицаец го совлада напаѓачот.
На снимката која се споделува на социјалните мрежи се слуша глас на маж како му вели на Фараж „фашист“.
Како не го запревте“ ги праша Фараж своите телохранители откако беше погоден со часа полна со слаткиот напиток. На крајот, Пол Кровтер, (32) призна дека го погодил политичарот со милкшејк од банана и карамела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.