Британскaтa премиерка, Тереза Mej, денеска ќе се соочи со гласање за доверба во парламентот, објави Би-би-си.
Како што пренесува Би-би-си, членовите на нејзината конзервативна партија ќе гласаат помеѓу 19 и 21 часот. Би-би-си пишува дека гласањето за доверба доаѓа откако беа собрани 48 писма од пратеници.
UK Prime Minister Theresa May will face a vote of no confidence in her leadership later on Wednesday https://t.co/wzta1v9ScU
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) December 12, 2018
Меј стана британски премиер токму на „славата” на брегзит, односно британското повлекување од ЕУ, но парадоксално, токму затоа ќе се гласа и за доверба, пишуваат медиумите во Британија.
Меј успеа да постигне договор со лидерите на ЕУ за повлекување на земјата од европското семејство, но поголемиот дел од претставниците во британскиот парламент не се согласуваат со постигнатиот договор.
Договорот во парламентот требаше да се гласа вчера, но премиерката го откажа гласањето. В четврток и в петок лидерите на земјите членки ќе се состанат во Брисел на редовниот декемвриски самит, на кој, иако не беше планирано, повторно ќе доминираат прашањата поврзани со брегзит, откако премиерката Тереза Меј го одложи гласањето на постигнатиот договор за брегзит со ЕУ во британскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.