Британските пратеници гласаа за да ја преземат контролата од Владаа над дневниот ред во Парламентот, со цел утре да можат да одржат низа гласања за алтернативните опции за Брегзит.

Тоа е чин без преседан, со цел да се обезбеди мнозинство за која било опција за Брегзит.

За преземање на контролата над дневниот ред на Парламентот гласаа 329 пратеници, додека 302 беа против.

Пратениците би можеле да гласаат за седум различни опции, вклучително одржување на нов референдум, излегување од Европска Унија без договор или со договор каков што има Норвешка, а со кој Велика Британија би имала пристап до единствениот пазар на ЕУ и до зоните за слободна трговија. Една од опциите би можела да биде откажување од Брегзит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.