Британскиот парламент денеска треба да се изјасни по предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување на предвремени парламентарни избори. Непосредно пред гласањето анкетите му даваат предност на Џонсон, со 16 поени, пред опозициската Лабурстичка партија.
Џонсон кого конзервативците го избраа во јули за да го одблокира застојот околу Брегзит, предложи одржување на избори на 12 декември, откако парламентот не го поддржа договорот што тој го постигна со Брисел.
Инаку, редовните избори во Велика Британија би се одржале во 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.