Британскиот главен државен обвинтил од владата на премиерот Борис Џонсон во средата рече дека „парламентот е мртов“, откако пратениците се вратија во ова тело по одлуката на Врховниот суд дека суспензијата од страна на премиерот била незаконска.

Изјавата на Џефри Кокс, првиот член на владата на Џонсон кој се орбати во долниот дом на парламентот кој повторно заседавањш во среда, го предизвика гневот на противниците на премиерот кои сакаат да го спречат неговиот план за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија без договор.

Британија од ЕУ треба да излезе на 31-ви октомври, но по три години политичка криза останува нејасно кога и под кои услови ќе излезе од Унијата на која ѝ се придружи во 1973 година.

Британскиот Врховен суд во вторникот пресуди дека Џонсон делувал незаконски кога ја советувал кралицата Елизабета Втора да го суспендира парламенто. Со тоа ги поткопал темелите на демокртијата, смета судот.

Џонсон одговори со пркосење. Ги отфрли повиците да поднесе оставка, и натаму инсистира дека брегзитот ќе го спроведе на 31-ви октомври, а за своите противници во парламентот рече дека сакаат брегзитот да го претворат во измачување. Себеси притоа се спореди со грчкиот митски лик Прометеј кого Зевс го казнува зашто на луѓето им го дал огнот (прослетувањето) заточувајќи го на Олимп а орелот секогаш одново му ги кинел џигерот.

Кокс пред обраќањето на Џонсон на пратениците рече дека парламентот претставува срам, а дека непријателите на премиерот се кукавици бидејќи ги избегнуваат изборите и сакаат да го блокираат брегзитот.

Овој парламент е мртов парламент. Не би требало повеќе да заседава. Овој парламент треба да има храброст да се соочи со избирачите. Но нема да го стори тоа. Не сака да го направи тоа бидејќи многу пратеници сакаат по секоја цена да спрчат да излеземе од Европската унија“, рече Кокс кој правно го советуваше Џонсон за суспендирањето на парламентот.

На прашање од пратениците, Кокс рече дека владата ќе го почитува законот кој го принуди премиерот да го бара одложувањето на брегзитот, доколку договорот не се постгине на време.

Џонсон откако го загуби мнозинството во парламентот го суспенираше неговото работење на пет седмици, што Врховниот суд го поништи во вторникот. Сојузот на опозициските пратениците и побубетите членови на Конзервативната партија пред суспендирањето изгласаа закон со кој од него се бара да го одложи рокот за излегување од ЕУ доколку до 19-ти октомври не биде постигнат договор.

Не можеме да си дозволиме да чекаме до 19-ти октомври да видиме дали премеирот повторно ќе го пренабрегне законот“, рече Џо Свинсон, челничка на либералните деморкати, кои се противат на илегувањето од ЕУ.

Челникот на лабурисите, Џереми Корбин, истакна дека сега не е време парламентот да се обиде да го собори Џонсон, бидејќи приоритет е да се отфрли можноста за излегување од ЕУ без договор.

Кокс најави дека владата наскоро ќе продолжи нови избори. „Гласањето за новите избори наскоро ќе биде пред долниот дом“ на парламентот, му одговори на опозициски пратеник кој го запрашал дали Џонсон треба да се повлече од премиерктата должност. Самиот Џонсон веќе двапати бараше предвремени избори, но опозицијата ги одби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.