Водечките научни советници во Велика Британија предупредуваат да не се зема „здраво за готово“ дека ќе откријат ефикасна вакцина против новиот тип на коронавирусот.
Говорејќи со премиерот Борис Џонсон на прес-конференцијата за медиумите, главниот научен советник, Патрик Валанс изјави: „нема гаранција дека ќе ja измислиме вакцината“, но додаде дека „постигнат е голем напредок“ во овој поглед, во различни земји.
На науката и е потребно време. Не можеме да гарантираме кога ќе ги најдеме сите потребни решенија- рече водечкиот англиски лекар Крис Вити, додавајќи дека најверојатно досега околу 130.000 луѓе во Велика Британија, се заразиле, пишува Си-ен-ен.
Според резултатите од случајните тестирања, можеби 10 отсто од граѓаните на Лондон го прележале ковид-19, рече тој.
Предупредувањата на научниците беа поддржани и од британскиот премиер Борис Џонсон, кој денеска рече дека се надева оти Велика Британија наскоро ќе ја има вакцина за ковид-19, но дека тоа не е загарантирано. Тој истакна дека после 18 години се уште немаме вакцина против САРС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.