Британската мутација на корона вирусотстанала доминантна во Германија, каде што во речиси три четвртини од случаите на Ковид-19 е причина за болеста.

Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека 72 процента од позитивните тестови го потврдиле британскиот сој, што, како што посочуваат од таа институција, е причина за голема загриженост.

Минатата недела, соодносот на британската мутација во позитивните тестови беше околу 55 проценти.

По Велигден, ќе ја имаме ситуација што беше регистрирана околу Божиќ. Поради оваа мутацијата на вирусот, ситуацијата драстично ќе се влоши – предупреди вирологот, Кристијан Достен за ТВ НДР.

Тој нагласи дека станува особено опасно за невакцинирани лица постари од 50 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.