Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва објави дека Британија влегува во третиот по ред национален карантин, откако бројот на новозаболени веќе неколку дена по ред е над 50 илјади.

Целосно затворање веќе е на сила во Северна Ирска и Велс, а истото на полноќ ќе го воведат и Шкотска и Англија, со што на територијата на целата Велика Британија ќе важат строги рестрикции. Строгите мерки ќе траат барем до срединта на февруари.

Новите мерки предвидуваат работа од дома, освен за оние што работат во сектори во кои тоа е невозможно. Граѓаните ќе може да излегуваат од своите домови единствено да пазаруваат прехрамбени продукти или лекарства, поради медицински причини или за обезбедување нега на немоќни лица.

Училиштата ќе бидат затворени најмалку до средината на март, а ќе останат отворени само за децата на вработените во клучните сектори за справување со ковид кризата и за оние од ранливите семејства. Овие мерки ќе ги спроведува полицијата кои доби законски овластувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.