Во наредните три години британската влада ќе одвои 18 милиони фунти (22,5 милиони долари) за борба против ширењето лажни информации во земјите од Источна Европа и за поддршка на независните медиуми во земјите од Западен Балкан.
Важно е да се создаваат услови за непречено работење на новинарите, истакна британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант пред планираната Глобален конференција за слободата на медиумите што ќе се одржи на 10 и 11 јули во Лондон. Со оглед на фактот дека само 10 отсто од населението во светот има пристап до слободните медиуми, лажните вести и дезинформациите продолжуваат да ги поткопуваат и дестабилизираат јавноста, предупреди Хант. Целта на таа конференција ќе биде да работам со моите колеги, за да се договориме за начини на заштита на слободата на медиумите, како и да се подготват казнени мерки против оние кои се обидуваат да посегнуваат на таа слобода, истакна британскиот министер за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.