Велика Британија најави дека ќе издвои 105 милиони фунти (141,7 милиони американски долари) итна помош за ранливите земји, особено во Африка, за да помогне да се справат со ширењето Омикрон сојот на корона вирусот.

Владата во Лондон соопшти дека парите ќе бидат искористени за мерки за намалување на ширењето на вирусот, зајакнување на тестовите и зголемување на залихите на кислород.

Министерството за надворешни работи истакна дека Лондон веќе ја исполнил својата обврска да обезбеди 30 милиони вакцини на други земји до крајот на 2021 година, како дел од вкупно 100 милиони дози што Велика Британија вети дека ќе ги донира.

Британската Влада досега донираше 24,6 милиони дози на глобалната мрежа за дистрибуција на вакцини – Ковакс, како и 5,5 милиони директно на сиромашните земји како Кенија, Јамајка и Индонезија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.