Британија вели дека е време да се стави крај на ерата на брза мода, како и на лошите услови за работа во текстилната индустрија.

Британските пратеници изготвија предлог со кој модната индустрија е принудена да направи промени во начинот на работење.

Пратениците дадоа 18 предлози и препораки што се однесуваат на животната средина, како и на трудовите политики во индустријата и ја повикаа владата да преземе мерки.

Како последица на брзата мода, животната средина е постојано загадена поради емисијата на штетни материи, но исто така и голем дел од облеката што не успева да се продаде или се фрла поради други причини завршува на депонии бидејќи таа е многу тешка за рециклирање.

При перењето влакната што се наоѓаат во текстилот често завршуваат во океаните и ги загадуваат водите.

Владата вели дека веќе работи на случајот и дека голем број од мерките се веќе во сила.

Некои од предлозите на Комитетот за животна средина (ЕАЦ) се да се наплатува одредена сума за секое парче облека што е изработено, со што производителите ќе придонесат за подобро рециклирање на облеката; забрана за фрлање на облеката што не е продадена, а која сè уште е во добра состојба и може да се рециклира; задолжителни еколошки мерки за брендови чиј годишен обрт изнесува повеќе од 36 милиони фунти; промени во даночните стапки како награда за производителите што применуваат повторна употреба, поправка или рециклирање на облеката, односно поддршка за одговорните модни компании.

Производителите на текстил и модната индустрија мора да ги исчистат куповите алишта и отпад што ги создаваат – вели пратеничката и претседателка на ЕАЦ, Мери Криг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.