Британската здравствена регулаторна агенција го разгледува предлогот за ограничување на вакцинацијата на младите луѓе со вакцините од компанијата „АстраЗенека“ поради загриженост за создавање тромбови..
Двајца високи извори велат дека и покрај се уште нејасните податоци, постојат се поголеми аргументи дека на помладите, барем на оние под 30 години, треба да им се понудат други вакцини – објави британскиот „Канал 4“.
Британската Регулаторна агенција за лекови (МХРА) претходно соопшти дека придобивките од вакцината во спречувањето на корона вирусот се многу поголеми од можниот ризик од појави на крвни засироци.
МХРА се уште не ги коментираше наводите на „Канал 4“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.