Големи делови од северот на Велика Британија викендов ги погоди снежно невреме додека југот се бори со обилни поплави.
Патниот сообраќај се одвива отежнато, а доцнења се регистрирани и кај железницата.
Обилните врнежи веќе трета недела се закануваат да предизвикаат сериозни проблеми во земјата, а премиерот Борис Џонсон најави обиколка на најкритичните региони.
Во меѓувреме, метеоролозите предупредуваат дека поради брзото топење на снегот поплавите би можело да се зголемат уште повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.