Француското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека Велика Британија привремено им забрани на француските рибари да ловат во водите крај Гернзи, остров во Ламанш, во близина на француска Нормандија.
Како што пренесуваат странските агенции, оваа забрана е издадена заради административни измени по Брегзит, кои, како што се очекува, треба да бидат надминати во наредните денови.
Договорот за слободен пристап до водите кај Гернзи се засноваше на Европскиот договор за риболов, кој автоматски престана да важи по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Претстојат нови преговори меѓу Брисел и Лондон за пост-Брегзит трговски договор.
Локалните власти на Гернзи одлучија да воспостават нов систем според кој рибарските бродови мора да добијат поединечни дозволи за влез во зоната од 6 до 12 милји крај брегот на островот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.