Британскиот парламент со мнозинство гласови одлучи да побара согласност од ЕУ за одложување на излезот на Велика Британија од блокот, што беше предвидено да се случи на 29 март.
За одлуката гласаа 412 пратеници, а 202 беа против, пренесе „Би-би-си“.
Пратениците претходно ги отфрлија сите четири амандмани поврзани со одложувањето на брегзитот – за организирање на нов референдум, за можноста од ЕУ да се побара одложување на брегзитот, но не подоцна од 30 јуни, за можноста на пратениците да им се даде време до 20 март да гласаат за алтернативни опции за брегзит, и за давање време на пратениците да пронајдат поинаков пристап за брегзит.
Британската премиерка, Тереза Меј, најави дека следната недела трет пат ќе го изнесе пред пратениците договорот за брегзит кој го постигна со ЕУ и дека во случај на негово усвојување ќе бара одложување на излезот од Унијата до 30 јуни, или подолг рок доколку пратениците повторно го отфрлат договорот.
Од ЕУ претходно наведоа дека за одложување на брегзитот бараат конкретни причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.