Британците веројатно нема да можат да патуваат во странство на годишен одмор ова лето поради пандемијата на коронавирус, изјави министерот за здравство, Мет Хeнкок.

На прашањето дали луѓето треба да прифатат дека нема да има патувања во странство летово, тој одговори во емисија на ИТВ: Мислам дека тоа е веројатно така, пренесува „Ројтерс“.

Додека британската влада полека се обидува да отвори одредени сектори на економијата, уште некое време ќе бидат потребни одредени форми на социјално растојание.

Премиерот Борис Џонсон изјави дека е планирано воведување на 14-дневен карантин за патниците кои доаѓаат од странство, со цел да се спречи вториот бран на епидемијата на коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.