Неколку стоитина луѓе денеска протестираа во лондонски Хајд парк против вонредните мерки на британската Влада.

Скотланд јард соопшти дека се уапсени шест лица, меѓу кои и Пирс Корбин, брат на поранешниот претседател на Лабуристичката партија.

Демонстрантите тврдат дека им е загрозена слободата на говор и на движење, но извикуваа и пароли против 5Г мрежата и обврзната вакцинација.

Во последните 24 часа во Велика Британија од последици од новиот коронавирус починаа 468 лица, а регистрирани се 3.450 новозаразени лица, со што вкупниот број се искачи на 240.161. додека од почетокот на епидемијата починаа 34.466 луѓе.

Велика Британија по бројот на инфицирани лица е на четврто место во светот.

Во Германија граѓаните воглавно протестираа поради рестриктивните мерки, но имаше и демонстрации на така наречените теоретичари на завера, противниците на вакцините, екстремните левичари и ултрадесничари.

Протести имаше во Берлин, Минхен, Штутгарт и во Хамбург, каде полицијата употреби солзавец за да ги раздели 800-те левичари и десничари, а приведени се неколку лица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.