Алпската провинција Тирол, каде досега беше најлошото жариште со ски-центарот Ишгл, објави дека е регистрирано жариште на нов, дури и позаразен вид на вирусот во градот Јохберг.

Фактот дека скијачката школа била отворена и покрај строгите ограничувања, вклучително и затворените училишта, ги згрози Австријците.

“Работниците од Источна Европа не можат да одат дома со недели, а наставниците по скијање од цела Европа можат да дојдат во Тирол да тренираат и да се заразат таму? Тоа ја поткопува довербата во системот”, напиша на Твитер Флотер Кленк, уредник на списанието Falter.

Скијачките центри се отворени уште од Бадник, но хотелите сè уште се затворени за сите освен за деловните гости, што значи дека само луѓе од околината можат да дојдат на еден ден на скијање.

„Има луѓе од различни националности, претежно Британци. Последен пат пристигнале во Тирол на 18 декември. Тие допатуваа и по копно и по воздух“, соопшти тиролската влада.

Австрија воведе карантин за патниците од скоро сите европски земји за време на празниците за да ги одвратат скијачите од соседството да не доаѓаат.

Овие правила стапија во сила на 19 декември, а забраната за влез од Велика Британија на 22 декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.