Во Бразил во текот на вчерашниот ден се регистрирани 53.453 новозаразени лица, што е најголем број на нови случаи на корона вирусот регистрирани за еден ден од средината на август.

Како што соопштија од бразилското министерство за здравство, од последниот пресек починале уште 836 пациенти.

Оваа јужноамериканска земја регистрира повеќе од 6,7 милиони заразени со корона вирусот од почетокот на пандемијата и е на третото место во светот по бројот на заразени лица.

Со речиси 179 илјади починати, регистрирани во официјалните податоци, Бразил е на второто место во светот по бројот на жртви од Ковид-19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.