Донован Линч (25), братучед на познатиот афроамерикански пејач, Фарел Вилијамс, е еден од убиените две лица во одделни престрелки во Вирџинија Бич, Вирџинија, САД, во петокот.
Поп-пејачот ја потврди веста и повика на транспарентност, чесност и правда.
Загубата на овие животи е трагедија што не може да се мери. Мојот братучед Доновон беше убиен за време на пукањето. Сега е важно моето семејство и семејствата на другите жртви да ја добијат заслужената транспарентност, чесност и правда. Вирџинија Бич е олицетворение на надеж и издржливост и, како заедница ќе го минеме и ова и ќе излеземе уште посилни – напиша Фарел Вилијамс споделувајќи фотографија од Линч.
Kако што соопштија и властите, на полицаецот кој пукал во Линч, во тој момент не му била вклучена камерата на телото. Службеното лице одговарало на повиците околу пукањата во областа.
Обвинителството одговорно за градот Вирџинија Бич вети независна и брза истрага за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.