Британскиот премиер Борис Џонсон во својата божиќна порака ги повика Британците да се вакцинираат против корона вирусот и на тој начин да направат неверојатен подарок за себе и за своите најблиски.

По две години пандемија, не можам да ви кажам дека сме излезени од неа. За милиони семејства низ целата земја, се надевам и верувам дека овој Божик е и ќе биде значително подобар од минатиот.

 

Ако ви треба поголема мисирка оваа година, ако имате повеќе зелка за сечење и повеќе садови за миење, тоа е подобро бидејќи овие ритуали се многу важни. А, ако оваа година купот стуткана хартија е повисок тоа е точно зашто си подаривме невидлив и бесценет подарок – вакцинација – вели премиерот, осврнувајќи се на тоа дека Британците ќе слават во поширок семеен круг благодарение на напредокот на кампањата за вакцинација.

Сепак, бидејќи многу Британци се заразени и ќе мора да ја следат самоизолацијата, ова де факто значи дека многу луѓе се уште ќе го поминат Божиќ изолирани од своите најблиски.

Ако теоретски нема доволно време за купување подароци, секогаш има нешто неверојатно што можете да му го дадете на вашето семејство и на целата земја, а тоа е да се вакцинирате, било да е тоа со првата, втора или бустер доза – порача британскиот премиер.

Џонсон им се заблагодари на оние кои веќе биле вакцинирани.

Вакцинацијата не ни е потребна само на нас самите, туку и на нашите пријатели, нашето семејство и сите што ќе ги сретнеме – порача Џонсон, повикувај се на учењето на Исус Христос дека луѓето треба да го сакаат ближниот како што се сакаат себеси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.