Папата Франциск годинава ќе ја одржи традиционалната полноќна миса на Божиќ во 19,30 часот, поради полицискиот час што е на сила во Италија.

Полноќната миса традиционално секоја година се одржува на 24 декември во 21.30 часот, но годинава, поради пандемијата ќе биде преместена два часа порано

Божиќната служба ќе се одржи во затворен простор со цел да се спречат турканици на плоштадот Свети Петар.

Новогодишната молитва и миса, пак, ќе се одржат во базиликата Свети Петар и нема да бидат отворени за јавноста.

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени, властите во Италија воведоа полициски час што важи од 22 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.