Британскиот премиер Борис Џонсон се врати на „Даунинг Стрит“ во текот на вчерашниот ден, потврди британската влада, откако помина една седмица во болница поради Ковид-19 и дополнителни две седмици се опоравуваше во резиденцијата во близина на Лондон.
Министерот за надворешни работи Доминик Раб, кој привремено го замени Џонсон претходно истакна дека премиерот „се брза да се врати на работа“.
Се очекува уште од денес Џонсон да продолжи нормално да работи во резиденцијата на премиерот, соопшти портпаролот на владата. Борис Џонсон се опоравуваше во Чекерс откако беше отпуштен од болница на 12-ти април.
Британскиот премиер една седмица помина во болницата Сент Томас во Лондон, од кои три дена на интензивна нега откако неговата здравствена состојба се влоши поради вирусот. Аналитичарите сметаат дека сега Џонсон се враќа на работа во клучните моменти кога врз владата расте притисокот да бидат олабавени рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на Ковид-19.
Британските власти вчера објавија дека во последните 24 часа во болниците починале 413 лица како последица на коронавирусот, што е најниска бројка од крајот на март. Станува збор дефинитивно за пад на бројот на луѓе кои се наоѓаат во болниците, истакна првиот човек на Државната здравствена служба (NHS), Стивен Пауис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.