Британскиот премиер Борис Џонсон потврди пред некоја минута дека развил благи симптоми – „температура и постојана кашлица“ – во последните 24 часа и, по совет на главниот медицински службеник, тој направил тест кој покажал дека е позитивеннза коронавирусот.

Џонсон рече дека се самоизолира и работи од дома. Тој порача дека благодарение на „волшебството на модерната технологија“ тој ќе продолжи да ја води националната борба против вирусот.

Тој се заблагодари на медицинските работници што помагаат земјата да ја надмине пандемијата и повтори дека останувањето дома е фундаментално за да се запре ширењето на вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.