Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон му спуштил на американскиот претседател Доналд Трамп, мислејќи дека станува збор за шега. Џонсон еднаш наседна и разговараше со руските комичари Вован и Лексус, кои вчера објавија разговори со македонскиот премиер Зоран Заев.
Минатиот месец, Џонсон примил повик од кабинетот на британската премиерка Тереза Меј и му било кажано дека ќе го поврзат со Трамп, но тој не поверувал, рекол дека овојпат нема да наседне и спуштил. Потоа, се јавил во кабинетот на Меј за да се осигура, но оттаму му рекле дека на линијата навистина бил американскиот претседател. Двајцата потоа се слушнале.
Џонсон, кој е најсериозен кандидат да ја наследи Тереза Меј на премиерската позиција, во мај 2018 разговараше телефонски со руското дуо, мислејќи дека зборува со ерменскиот премиер Никол Пашијан. Во разговорот, кој трае 18 минути, Вован и Лексус го прашуваат Џонсон за информации во врска со труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и бараат совет од него како да се справат со рускиот претседател Владимир Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.