Борис Џонсон ќе побара од кралицата да го суспендира парламентот од средината на септември на само две недели пред крајниот рок за спроведување на „Брегзит“, или 31 октомври, известува „Индепендент“.

Овој потег ќе се смета како обид да се спречат сите напори на пратениците да го спречат премиерот да ја изведе Велика Британија од Европска Унија без постигнат договор.

Според плановите на владата, парламентот ќе биде суспендиран само неколку дена откако пратениците ќе се вратат на работа следната недела и ќе продолжат само за говорот на кралицата закажан за 14 октомври, според „Би-би-си“.

Ако се случи тоа, пратениците нема да имаат време да изгласаат ниту еден закон со кој би се спречило излегување на Велика Британија од ЕУ без договор, доколку Борис Џонсон не успее да обезбеди нов договор со ЕУ.

Идејата за суспендирање на парламентот важи за контроверзна и критичарите велат дека тоа отвора можност за недемократско спроведување на „Брегзит“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.