Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница рано утринава станаа горди родители на здраво момче.

Кери Симондс се породи утринава во болница во Лондон. Портпаролот на двојката, на кои ова им е прво заедничко дете, рекол дека мајката и бебето се добри.

Премиерот и госпоѓата Симондс се воодушевени со раѓањето на здраво момче“, рекол тој, додавајќи дека парот сака да се заблагодари на „фантастичниот тим“ на болницата, пушува Гардијан.

Симондс била во самоизолација, по што претрпела симптоми на коронавирусот, а откако Џонсон се излечил од инфекцијата, му се придружила во неговата куќа за домашно закрепнување.

Џонсон и Симондс во февруари објавија дека се верени и дека очекуваат бебе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.