Владите на земјите од ЕУ денеска ќе разгледуваат дали ќе обезбедат повеќе пари за бегалците, но нема да прифатат Турција да ги користи мигрантите како средство за преговарање, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
Тој, пристигнувајќи на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Загреб, истакна пред новинарите дека Турција носи голем товар и ЕУ мора тоа да го разбере.
Но истовремено, ние не можеме да прифатиме мигрантите да се користат како средство за притисок – нагласи Борел.
Турција минатата недела одлучи да не ги спречува повеќе мигрантите кои сакаат да заминат во земјите на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.