Високиот претставник на Европската унија, Џозеп Борел го опиша неодамнешниот судир меѓу Кина и Индија во областа Ладах на заедничката граница меѓу двете земји како „загрижувачки“.

Индија и Кина се многу важни партнери на ЕУ и клучни актери за регионалната / глобална стабилност. Неодамнешните случувања по должината на границата на активна контрола се загрижувачки. Потребна е воздржаност, воена деескалација и дијалог за изнаоѓање мирни решенија, напиша шефот за надворешна политика на блокот.

Дваесетина индиски војници се пријавени за мртви како резултат на насилните судири со кинеските сили во долината Галван во Ладах претходно оваа недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.