Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Жозеп Борел во интервју за весникот „Велт“ ги нарече барањата на Русија за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток „чисто руска агенда со целосно неприфатливи услови“.
Барањата за безбедносни гаранции и запирање на проширувањето на ЕУ и НАТО на исток се чисто руска агенда со целосно неприфатливи услови, особено за Украина – вели Борел.
Тој додава дека за првпат Москва „ги изнесува своите барања во писмена форма – нешто што досега не се случило“.
Тоа го прават само победниците: тие велат – ова се моите услови – рече Борел.
Во средината на декември руското Министерство за надворешни работи објави нацрти на договорот со САД и договорот со НАТО. Документите веќе се предадени на Вашингтон и неговите сојузници. Во една од клаузулите, Москва предложи земјите од НАТО да и дадат гаранции на Русија кои ќе спречат понатамошно проширување на исток, особено на украинска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.