Вработените во Германија ќе можат да добиваат регрес до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно да ја надминат високата инфлација.

Оваа одлука ќе важи до крајот на 2024 година. Сепак, отворено е прашање колку работодавачите ќе можат да исплаќаат бонуси. Претседателот на синдикатот на работодавачи рече дека не сите компании се во состојба да се изложат на таков трошок.

Веќе за време на пандемијата постоеше можност за исплата на неоданочена премија. Сепак, не се знае колку фирми ги исплатиле и за какви суми се работи.

Предуслов за даночно ослободување е парите да се исплаќаат покрај редовната плата. Дополнително, работодавачот мора да наведе дека се работи за паушал кој е поврзан со поскапувањата. Во случаите на корисници на социјална помош, премијата не треба да се смета како приход.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.