Најмалку седум лица загинале при експлозија во религиозно училиште во Пакистанскиот град Пешавар. Меѓу загинатите има и деца.
Освен седумте починати, во болницата „Лејди Ридинг хоспитал“ се префрлени најмалку 70 повредени лица.
Како што изјави началникот на полицијата во Пешавар, Вакар Азим, експлозијата се случила за време на утринските предавања. Веднаш по експлозијата на лице место дошле службите за итни случаи и екипи за демонтирање бомби.
Според првочните полициски сознанија, експлозијата била предизвикана од направа во која имало пет до шест килограми експлозив.
Оца е најкрвавиот терористички напад врз цивили оваа година, по пукањето во Пакистанската берза во Карачи, што се случи во јуни.
По експлозијата, пакситанскиот премиер, Имран Кан, објави дека е длабоко потресен од случувањето.
Сочувство за семејствата на жртвите и молитви за брзо опоравување на повредените. Ја уверувам мојата нација дека ќе направиме се за тероситите одговорни за овј кукавички и варварски напад да бидат изведени пред лицето на правдата што е можно поскоро – напиша Кан на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.