Украински „Боинг 737“ во кој се наоаѓаа 176 лица, се урна по полетувањето од техеранскиот аеродром.

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека не постојат шанси да се пронајдат преживеани лица, пренесува Би-Би-Си.

Урнатиот авион кој и припаѓал на украинската авиокомпанија се урнал само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран.

Првичните извештаи велат дека тој летал за Киев. Не е познато дали инцидентот е поврзан со иранско-американската конфронтација, но сообраќајните експерти велат дека најверојатно се запалил моторот на авионот.

Спасувачки тимови се испратени на местото на падот.

Украинските служби соопштија дека во авионот имало 167 патници и 9 членови на екипажот.

Претседателот Зеленски истакнал дека украинската амбасада во Техеран ќе учествува во разјаснувањето на околностите кои довеле до оваа трагедија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.