Компанијата Боинг призна дека грешката во нејзиниот МЦАС софтвер ги предизвика двете неодамнешни авионски несреќи на Боинг 737 Макс 8, јави РТ.
Нам во Боинг ни е многу жал поради загубата на животите во неодамнешните авионски несреќи на 737 Макс 8. Овие трагедии засекогаш ќе остават тешка трага во нашите срца и во нашите умови. Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите патници и членови на екипажот“. – рече Денис Мјуленбрг, претседател и главен извршен директор на компанијата Боинг.
Владата ќе ја информира јавноста за сите детали поврзани со овие две трагични несреќи во својот официјален извештај. Но, од прелиминарниот извештај од истрагата за причината за падот на авионот на компанијата Етиопијан ерлајнс, стана јасно дека двете несреќи ги предизвика софтверот МЦАС Систем за зголемување на маневарските карактеристики (MCAS Maneuvering Characteristics Augmentation System)“, додаде тој.
Како што ни објаснија пилотите, системот МЦАС е ризичен за патување. Наша одговорност е да го отстраниме овој ризик. Ние тоа ви го должиме и знаеме како тоа да го направиме“, заклучи тој.
Денес е објавен прелиминарен извештај за уривањето на авионот на Етиопијан ерлајнс. Според извештајот, пилотите се бореле со автоматскиот систем во авионот речиси цело време во текот на 6-минутниот лет, пренесе Си-ен-ен.
Пилотите кои не биле во можност да го стабилизираат Боинг 737 Макс 8 дури ни откако ги следеле препорачаните процедури за оваа ситуација, се обиделе со заеднички сили да го подигнат носот на авионот за време на последните моменти од летот.
Пилотот три пати извикува „повлечи нагоре“ за ко-пилотот да го упати да го подигне носот на авионот, но ниту едниот ниту другиот пилот не успеаа да ја повратат контролата над авионот.
Седумдесет секунди по полетувањето од Меѓународниот аеродром Боле во Адис Абеба, на 10 март еден од сензорите пренесувал погрешни информации до системот во авионот.
Поради неправилните отчитувања автоматскиот систем во авионот го спуштал носот на авионот четири пати во текот на летот, оневозможувајќи ги пилотите да го поправат проблемот.
Пилотите, по согледувањето на проблемот со автоматскиот систем за воспоставување рамнотежа, ги следеле препорачаните постапки за итни случаи и го исклучиле системот. Тие се обиделе рачно да воспостават рамнотежа, но авионот пребрзо летал, па рачно подесување било физички невозможно.
Помалку од две минути подоцна, летот 302 на Етиопијан ерлајнс се урна и загинаа 157 патници и членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.