Околу 59 патници на „Боинг 737“ се водат како исчезнати откако според првите информации авионот се срушил само неколку минути по полетувањето во Индонезија. Според првите неофицијални информации, авионот паднал во морето.

Авионот на индонезиската авиокомпанија Сривиџаја Ер изгубил контакт со контролата на летање по полетувањето од аеродромот во Џакарта денес. Крајната дестинација била Понтијанак, провинција Западен Калимантан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.