Производителот на автомобили БМВ го одложи отворањето на својата нова фабрика во унгарскот град Дебрецен за една година. Причината е епидемијата на корона вирусот, која влијае на побарувачката на автомбили, јави Унгарија Денес.
Инвестицијата вредна милијарда евра требаше да почне да се гради пролетва, а во неа треба да се вработат 1.000 работници кои годишно ќе произведуваат 150.000 автомобили.
Министерот за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека е во комуникација со БМВ и компанијата го уверила дека останува посветена на планот да ја изгради фабриката. Тој подвлече дека започнатите првични градежни работи на локацијата ќе продолжат да се вршат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.