За да го осудат „Црниот петок“, активисти од редовите на еколошките движења спроведоа акции и протести низ цела Франција, со кои сакаат да го привлечат вниманието на јавноста кон последиците од прекумерната потрошувачка врз климата и природата, јавува дописникот на МИА.

Во Сен Пријест, во близина на Лион, стотина демонстранти за кратко блокираа два влеза во магацин на Амазон пред да бидат евакуирани од полицијата. Но исто така имаше и насилна интервенција од полицијата во евакуацијата на членови Бунтовничкото востание (XР), движењето го осуди „недостојното насилство“.

Собрани на повик на повеќе здруженија, меѓу кои и Младите за климата, XР, Гринпис и Атак, демонстрантите имаа намера да го осудат самиот принцип на Црниот петок, „ден посветен на прекумерна потрошувачка и компулсивно купување“.

Претходно, десетици луѓе се собраа пред француското седиште на Амазон во Клиши (Горна Сена), во близина на Париз. Тие одговорија на повикот на Атак и Гринпис за оваа акција претставена како „ненасилна и радосна“, демонстрантите ги отворија транспарентите непријателски настроени кон гигантот на онлајн трговијата пред да седнат пред седиштето на компанијата, викајќи: „Велиме стоп за Црниот петок и неговата неказнивост!“

Според еколозите Амазон има најголема емисија на гасови со ефект на стаклена градина, повикувајќи на граѓанска непослушност.

На северот од Франција исто така изутринава имаше блокада од четириесет активисти на кружниот тек пред магацините на Амазон Флерс-ан-Ескребие, во близина на Дуе, чиј влез го заштитуваа дваесетина полицајци. На нивните транспаренти можеше да се прочита „Амазон ги уништува работните места и климата“, „Блок петок“.

Во неколку француски градови, екологисти и активисти за борба против глобализацијата ги насочија своите акции против трговските центри. Таков е случајот во Ла Дефенс, во предградието на Париз, каде десетици активисти она Младите за клима и XР блокираа еден од влезовите во трговскиот центар Четири времиња, без притоа да ја нарушат неговата работа.

Во Роан (Лоара), околу триесет активисти од Атак и АНВ КОП21 водеа акција за затемнување на комерцијалните реклами поврзани со „Црниот петок“.

Во трговски центар на северот на Сен-Етиен, десетина милитанти на Алтернатиба започна во операцијата „умирње“ во средата наутро пред две продавници (Бонобо и Бургер Кинг).

Веќе во четвртокот, десетици активисти на движењата во животната средина кратко го блокираа дистрибутивниот центар на Амазон Бретињ-сур Орж (Есон).

Тие беа дислоцирани по околу два часа акција од страна на полицијата. Осум лица беа уапсени за „попречување на сообраќајот“, соопшти полицијата.

Во Франција како и во многу други европски земји „Црниот петок“ се наметна последниве години, како трговска операција со намалување на цените, додека во Франциј продажбата на попуст е регулирана со закон кој дозволува само два пати во годината, односно по новогодишните празници и летната распродажба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.