Две 20-месечни близнаци биле најдени мртви во автомобил на паркинг во Јужна Каролина.

Како што јавуваат западните медиуми, најверојатно поминале повеќе од девет часа во автомобилот на паркинг пред градинка.

Еден од родителите ги пронашол на задните седишта. Малите Брајсон и Брејден МекДаниел во возилот најверојатно биле од изутрината и починале од преголемата топлина во возилото.

-Родителите се вознемирени, изјави вештакот Надија Ратерфорд на прес-конференција.

Температурите вчера во Колумбија надминале 27 степени Целзиусови.

Истражителите не ги именувале родителите, велејќи дека не сака да ги криминализира доколку се утврди дека се работи за несреќен случај.

Не можеме да зборуваме за тоа како и зошто децата биле оставени во возилото толку долго. Ако се покаже дека е несреќа, на семејството треба да му се даде мир. Но, ако тоа било злосторство, ќе сториме сѐ за да донесеме правда за бебињата, рече Радерфорд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.