Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во интервју за римскиот дневен весник „Ла Република“, порача дека САД се надеваат на постабилни и попрофитабилни односи со Русија, но дека ако таа продолжи да „напаѓа“ тогаш Вашингтон ќе одговори.

Ако Русија продолжи да не напаѓа или да дејствува против нас преку напади, како што е „SolarWind“, мешањето во нашите избори или спроведува агресија кон Навални, тогаш ние ќе одговориме – изјави Блинкен, повикувајќи се на кибер нападите врз американски компании и улогата на притворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

Американскиот државен секретар истака и дека кога станува збор за меѓусебните односи, Кина е „најкомплицирана“.

Сепак, вистина е дека ако делуваме заедно тогаш сме многу поефикасни во нашите односи со Кина – без разлика дали сме противник, ривал или партнер – додаде Блинкен.

Блинкен се наоѓа на еднонеделна турнеја, во чии рамки ги посети Берлин, Париз, Рим и Бари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.