Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во периодот од 15 до 20 ноември ќе ги посети Кенија, Нигерија и Сенегал.

Прес-службата на американскиот Стејт департмент, соопштидека посетата „ќе ја нагласи длабочината и широчината на односите со африканските партнери“.

Темите за кои американскиот секретар планира да разговара се „завршување на пандемијата и обнова на поинклузивна глобална економија, справување со климатската криза, ревитализација на демократијата и промовирање на мирот и безбедноста“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.