Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порачал на кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, дека Вашингтон се противи на дејствијата на Пекинг кои ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец.

Според извор од Стејт департментот, на едночасовната средба на маргините на форумот на Г-20 во Рим, Блинкен „кристално јасно“ порачал дека „САД се против секој обид на Кина за еднострано менување на статус кво“.

Како што е пишуваат американските медиуми, САД сакаат да се справат со интензивното ривалство меѓу двете водечки светски економии, а „двете земји ја препознале важноста на отворените линии на комуникација меѓу нив“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.