Еден од најбогатите бизнисмени на Малта, Јорген Фенеч, е обвинет за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.
Од малтешкото обвинителство објавија дека се уште не е одреден датумот на судењето.
Фенеч е уапсен во ноември 2019 година под обвинение за соучество во убиството, а тој се изјасни дека не е виновен.
Каруана Галиција беше убиена на 16 октомври 20217 година пред нејзиниот дом откако во нејзиниот автомобил беше поставена бомба. Таа го истражуваше контроверзниот државен договор за изградба на електрана со конзорциумот со кој раководеше Фенеч.
Тројца мажи во декември 2017 година се уапсени и обвинети за поставување на бомба во автомобилот на Каруана Галиција. Еден од нив се изјасни како виновен и е осуден на 15 години затвор, додека останатите двајца чекаат судење.
Мелвин Теума, кој призна дека посредувал во заверата, даде докази и е помилуван. Тој изјави дека Фенеч го задолжил да го организира убиството на новинарката.
Обвинителите бараат доживотен затвор за Фенеч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.